Одржлива
иднина со
зелени иновации

Што e GREENOVET ?

GREENOVET е меѓународен проект, во кој се вклучени 18 европски партнери и истиот е кофинансиран од Еразмус + Програмата на Европската Унија.

Проектот ќе го поттикне развојот на стручното образование и обука (СОО) во областа на зелените иновации низ Европа, преку основање на центри за извонредност во стручното образование и обука (ЦИСОО) со што ќе се овозможи иновативна, инклузивна и одржлива економија.

Центрите за стручнa извонредност ќе ги насочат знаењата, ресурсите и инфраструктурата на клучните чинители кон развојот на екосистемите за иновации и вештини, придонесувајќи кон регионалниот развој и промовирајќи еколошки, општествен и економски развој на Европа, преку зелени и одржливи иновациски процеси овозможени од извонредноста во СОО.

За почеток, проектот вклучува четири региони, во различни делови на Европа, секој со свој специфичен развој и предизвици:

  • Штаерска (Австрија)
  • Васа (Финска)
  • Скопје (Северна Македонија)
  • Лерија (Португалија)
work

GREENOVET ги обединува регионалните партнери во областа на стручното образование и обука на различни нивоа (средно стручно образование и високо образование), локалните компании ( малите, средни и големи претпријатија), секторските здруженија, претставниците на работодавачите, локалните власти, невладиниот сектор, како и регионалните агенции за поддршка на иновациите и иновативноста.
Покрај регионалниот пристап, проектот се развива и на национално ниво со вклучување на националните министерства и општествени партнери како придружни партнери, обезбедувајќи координација и кохерентност низ различните нивоа на власт.

Вести

Проекти и настани промовирани од GREENOVET

Цели

Партнерите во конзорциумот заеднички ги поставија следниве цели кои ќе се постигнат преку следните активности:


Да се воспостават четири целосно функционални и меѓусебно поврзани центри за извонредност во стручното образование и обука (ЦИСОО) во областа на зелени иновации вградени во локалните екосистеми за иновации и вештини.


Да се овозможат зелени технолошки проекти кои ќе бидат предводени од образовните установи на секундарно и терцијарно ниво заедно со сценаријата за стручното образование и обука (СОО).


Да се доближат предизвиците на зелените иновации до пошироката јавност во Европа.


Да се поттикне вработливоста и претприемачката подготвеност на учениците од стручното образование и обука (СОО), подготвувајќи ги и поврзувајќи ги со пазарот на трудот.


Да се адаптираат техничките, педагошките и дидактичките вештини на давателите на услуги за стручно образование и обука (СОО) на претстојните општествени, социјални и економски предизвици.

Состав на конзорциумот

Проектниот конзорциум вклучува претставници на сите релевантни чинители од земјите партнери, како и група европски партнери кои имаат значително искуство во областа на применетите истражувања, трансферот на технологија и модернизацијата на наставните програми.

Проектот ќе биде имплементиран од конзорциум составен од 30 партнери (18 полноправни и 12 придружни) со неопходниот профил, искуство и експертиза за успешна имплементација на сите аспекти од проектот, фокусирајќи се на следните региони:


Австрија (Штаерска)

  • FH Joanneum Gesellschaft mbH
  • Technische Universität Graz
  • 3s Unternehmensberatung GmbH
  • Green Tech Cluster Styria GmbH
  • HTBLuVA Graz-Gösting
  • Wirtschaftskammer Steiermark
  • Финска (Васа)

  • VAASAN YLIOPISTO
  • VAMIA
  • Oy Merinova Ab
  • Ab Yrkeshögsskolan vid Åbo Akademi – Novia
  • Португалија (Лерија)

  • Instituto Politécnico de Leiria
  • Pombal Prof – Sociedade de Educação e Ensino Profissional, S.A.
  • NERLEI - Associação Empresarial da Região de Leiria
  • Северна Македонија (Скопски регион)

  • Zdruzenie Nacionalen centar za razvoj na inovacii i pretpriemacko ucenje Skopje
  • Ss. CYRIL AND METHODIUS UNIVERSITY IN SKOPJE
  • ASUC Boro Petrushevski
  • RADE KONCAR - TEP DOOEL Skopje
  • Macedonian Chambers of Commerce