Вести

Проекти и настани промовирани од Greenovet

Регионална работилница во Лерија

Регионалната работилница во Лерија, Португалија, се одржа на 19 јануари 2021 година со вкупно 56 учесници.
На настанот учествуваа претставници на компании, даватели на услуги за стручно образование и обука, локални власти и други институции.

Засегнатите страни ги идентификуваа еколошките проблеми и областите каде што е потребно понатамошно дејствување во регионот (на пр: развој на регионални студии што резултираат во веродостојни податоци за влијанието на нуспроизводи од индустријата за пластика и гума врз животната средина; потреба за зголемување на циркуларната економија со зголемување на селекција на отпад).

work

Понатаму, засегнатите страни се согласија дека важен чекор ќе биде подигнување на јавната свеста за важноста на одржливоста и на зелените иновации за животната средина и за општеството.

За давателите на услуги на стручно образование и обука ова може да се постигне со вметнување на овие теми во постојните наставни програми. Тоа е веќе практика во некои училишта во рамките на Стратегија за национално образование, но потребно е да се внесе и во техничките области и да се креираат посебни предметни курсеви на тема зелени иновации. Област која бара внимание е исто така и обука на наставниците со цел да се обезбеди развој на компетенциите на учениците (на општата образовна компонента на часовите, како и на техничката компонента) и развој на специфични компетенции во рамките на зелената иновација, исто така е област на која е потребно да се посвети внимание.