Вести

Проекти и настани промовирани од Greenovet

Стратешко истражување во тек

Со постојана соработка и заеднички сили, нашиот тим го спроведува стратешкото истражување! Во сите четири региони беше спроведено истражување чија основна цел е да ја открие моменталната состојба и јазот во вештини за зелени иновации.

work

Сите учесници во истражувањето беа паметно избрани од листата на чинители и дадоа значаен придонес.
Во моментов, регионалните лидери во сите четири региони ги анализираат податоците врз основа на заеднички размислувања, долгогодишно искуство и знаење. Во исчекување сме на корисни регионални извештаи за јазот во вештини за зелени иновации во Штаерска, Васа, Лирија и Скопје, од кои понатаму ќе се креира финален компаративен извештај на тема: ,,Зелени иновации во СОО – Перспективи/моментална состојба и предизвици”.

Јазот во вештини се одредува врз основа на стратегиите за паметна специјализација во секој регион. Резултатите добиени од истражувањето значително ќе помогнат при развој на квалитетна стратегија за основање Центри за извонредност во СОО во четирите региони. Не само што ќе придонесат за развој на квалитетна стратегија, туку ќе обезбедат и квалитет на целиот проект.