Вести

Проекти и настани промовирани од Greenovet

Регионална работилница во Васа

Регионалната работилница во Васа, Финска се одржа на 13 јануари 2021 година со повеќе од триесетина учесници. Во рамките на работилницата, беа создадени четири виртуелни простории во кои се водеше дискусија во живо.

work

Во Финска, провајдерите на услуги за стручно образование и обука на ниво EQF4-5 се разгледуваат во националната рамка и наставните програми кои веќе некое време се истакнати од страна на Финската национална агенција за образование.
Во регионот Васа постојат 2 институции за стручно образование и обука: Вамиа и Стручната академија во Остерботен. Сепак, финскиот систем е многу флексибилен. Можно е да се развијат наставни планови и програми во согласност со локалните и регионалните потреби. Фокусот е воедно е на индивидуата, бидејќи личниот план за развој на компетенции се креира одделно за секој студент.
Во регионот Васа има три универзитети: Универзитет Васа, Универзитет Åбо Академи и Економско училиште Ханкен. Универзитетското образованието во Финска им овозможува мултидимензионални компетенции за студентите.
Во текот на оваа работилница, учесниците идентификуваа неколку компетенции обезбедени од институциите за стручно образование и обука, како релевантни за зелена иновација. Во Финска е важно зелените иновации да се воспостават како дел од формалниот образовен систем. Во оваа смисла беа дискутирани неколку предлози за тоа како компетенциите кои недостасуваат за воспоставување зелени иновација може да се спроведат.