Регионалната работилница во Лерија, Португалија, се одржа на 19 јануари 2021 година со вкупно 56 учесници.На настанот учествуваа претставници на компании, даватели на услуги за стручно образование и обука, локални власти и други институции.
Засегнатите страни ги идентификуваа еколошките проблеми и областите каде што е потребно понатамошно дејствување во регионот (на пр: развој на регионални студии што резултираат во веродостојни податоци за влијанието на нуспроизводи од индустријата за пластика и гума врз животната средина; потреба за зголемување на циркуларната економија со зголемување на селекција на отпад).
Понатаму, засегнатите страни се согласија дека важен чекор ќе биде подигнување на јавната свеста за важноста на одржливоста и на зелените иновации за животната средина и за општеството.
За давателите на услуги на стручно образование и обука ова може да се постигне со вметнување на овие теми во постојните наставни програми. Тоа е веќе практика во некои училишта во рамките на Стратегија за национално образование, но потребно е да се внесе и во техничките области и да се креираат посебни предметни курсеви на тема зелени иновации. Област која бара внимание е исто така и обука на наставниците со цел да се обезбеди развој на компетенциите на учениците (на општата образовна компонента на часовите, како и на техничката компонента) и развој на специфични компетенции во рамките на зелената иновација, исто така е област на која е потребно да се посвети внимание.