Центрите за стручнa извонредност ќе ги насочат знаењата, ресурсите и инфраструктурата на клучните чинители кон развојот на екосистемите за иновации и вештини, придонесувајќи кон регионалниот развој и промовирајќи еколошки, општествен и економски развој на Европа, преку зелени и одржливи иновациски процеси овозможени од извонредноста во СОО.
За почеток, проектот вклучува четири региони, во различни делови на Европа, секој со свој специфичен развој и предизвици:
Скопје доби регионален Центар за стручно образование и зелени иновации
На Машинскиот факултет - Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се отвори нов Центар за извонредност во стручно образование и обука за зелени иновации, кој е единствен од ваков вид во регионот.
Регионална работилница во Скопје
Регионалната работилница во Скопје, Северна Македонија, се одржа на 26 јануари со 35 учесници. За време на работилницата, беа создадени четири виртуелни соби во кои беа вклучени претставници од сите целни групи. Интерактивната работилница резултираше со квалитетна дискусија, споделување на мислења и насоки за идна соработка.
Регионална работилница во Штаерска
Регионалната работилница во Грац, Австрија, се одржа на 25 јануари 2021 година, со 37 учесници. Таа беше поделена на 2 работилници:
Работилница 1, каде се дискутираше за јазот во вештини.
Работилница 2, каде се дискутираше за потенцијалната улога и придобивките на засегнатите страни во проектот и центрите за извонредност во стручното образование и обука.
Регионална работилница во Лерија
Регионалната работилница во Лерија, Португалија, се одржа на 19 јануари 2021 година со вкупно 56 учесници.
На настанот учествуваа претставници на компании, даватели на услуги за стручно образование и обука, локални власти и други институции.
Стратешко истражување во тек
Со постојана соработка и заеднички сили, нашиот тим го спроведува стратешкото истражување! Во сите четири региони беше спроведено истражување чија основна цел е да ја открие моменталната состојба и јазот во вештини за зелени иновации.
Регионална работилница во Васа
Регионалната работилница во Васа, Финска се одржа на 13 јануари 2021 година со повеќе од триесетина учесници. Во рамките на работилницата, беа создадени четири виртуелни простории во кои се водеше дискусија во живо.
Да се воспостават четири целосно функционални и меѓусебно поврзани центри за извонредност во стручното образование и обука (ЦИСОО) во областа на зелени иновации вградени во локалните екосистеми за иновации и вештини.
Да се овозможат зелени технолошки проекти кои ќе бидат предводени од образовните установи на секундарно и терцијарно ниво заедно со сценаријата за стручното образование и обука (СОО).
Да се поврзе индустријата со даватели на услуги за стручно образование и обука (СОО) со Европската квалификациска рамка (ЕКР) на нивоа од 4 до 8.
Да се воспостават и зајакнат иновативни образовни методи и едукативни трендови во стручното образование и обука (СОО) преку центрите за стручно усовршување.
Да се доближат предизвиците на зелените иновации до пошироката јавност во Европа.
Да се поттикне вработливоста и претприемачката подготвеност на учениците од стручното образование и обука (СОО), подготвувајќи ги и поврзувајќи ги со пазарот на трудот.
Да се адаптираат техничките, педагошките и дидактичките вештини на давателите на услуги за стручно образование и обука (СОО) на претстојните општествени, социјални и економски предизвици.
Австрија (Штаерска)
Финска (Васа)
Португалија (Лерија)
Северна Македонија (Скопски регион)