Вести

Проекти и настани промовирани од GREENOVET

Регионална работилница во Скопје

Регионалната работилница во Скопје, Северна Македонија, се одржа на 26 јануари со 35 учесници. За време на работилницата, беа создадени четири виртуелни соби во кои беа вклучени претставници од сите целни групи.
Интерактивната работилница резултираше со квалитетна дискусија, споделување на мислења и насоки за идна соработка.

work

Одговарајќи на прашањето за компетенциите обезбедени од институциите за стручно образование и обука, од гледна точка на зелени иновации, учесниците наведоа некои од главните компетенции.
Кога беа разгледани потребните компетенци за зелени иновации, како и недостатоците кои треба да се отстранат, беа дефинирани и релевантни аспекти што треба да се земат предвид за да се поттикнат зелени иновации.

На крајот, повеќето од учесниците се согласија дека сите три предложени решенија: воведување нови релевантни предмети во формалното образование, проширување на постојните предмети со нови релевантни теми и неформални курсеви и обуки треба да се земат предвид кога се размислува за спроведување на компетенции кои недостасуваат за зелени иновации.

Притоа, во врска со формалното образование, може да бидат вклучени нови релевантни предмети, но постојните наставни планови и програми мора да се ажурираат, а повеќе курсеви и обуки треба да се организираат од неформални даватели на стручно образование и обука. Понатаму, беше наведено дека сите студенти треба да добијат информации и да стекнат знаења поврзани со зелените технологии и да ја зголемат својата климатска писменост, а не само оние кои учествуваат на натпревари.